Запознајте се со нашите стандарди за безбедност на храната

Од самиот почеток си поставивме високи стандарди за производството и со тоа се определивме за одговорен пристап во однос на квалитетот и безбедноста на храната. Во секој дел на нашиот производствен процес, особено внимание посветуваме на зачувувањето на здравствената исправност на прехранбените производи во согласност со меѓународно пропишаните стандарди.

Технолошка опрема од последната генерација

Нашиот систем на производство се заснова на 4 принципи:
1. Суровина со врвен квалитет;
2. Контролиран процес на производство;
3. На најсовремена опрема;
4. Панели на чисти соби

ЗА НАС

Мисија и визија

Ние сме BFF- Baby Food Factory, и грижата за правилен развој и здрава исхрана на детето е една од нашите најважни задачи.

Како и секоја мајка, и ние ја сфаќаме нашата работа многу озбилно. Во потполност ја разбираме секоја мајка и секое дете. Ги поддржуваме мајките во најубавата улога и најважниот повик на светот. Ние им помагаме така што правиме храна за деца, да малечките луѓе преку здрави навики станат големи.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ