Фабрика

Kвалитет и безбедност

Од самиот почеток себе си поставивме високи стандарди за производството и со тоа се определивме за одговорен пристап во однос  на квалитетот и безбедноста на храната. Во секој дел од нашиот производствен процес, пред сѐ, особено внимание посветуваме на зачувувањето на здравствената исправност на нашите производи, во согласност со меѓународно пропишаните стандарди.

 

Со голема одговорност се однесуваме кон контролата на квалитет. Во составот на нашата фабрика работат физичко-хемиска и микробиолошка лабораторија кои имаат најсовремена опрема. Вршиме строга контрола на влезните суровини, материјали, контрола на производствениот процес како и контрола на готовите производи.

 

Редовно вршиме превентивни контроли на секој сегмент од работењето, за да можеме, покрај редовниот надзор и одржување на високо ниво на квалитет, континуирано да пронаоѓаме нови решенија и да го унапредиме секој дел од производната програма за нашите најмлади.

 

Со почитување на стандардите ISO 9001, FSSC 22000, GMP и HACCP принципите, нашата фабрика произведува и испорачува безбедни и висококвалитетни производи под брендот Нутрино.

 

Документот за политика на квалитет и здравствена безбедност е потпишан од страна на извршниот директор на фабриката за детска храна, господинот Жељко Цигановић.