Зa нас

Нашите вредности

Нашите вредности

Континуиран развој​

Ние континуирано ги унапредуваме нашите знаења и вештини (на лично и на професионално ниво). Ние го споделуваме стекнатото знаење и искуство. Ние ги користиме сугестиите од колегите со цел за сопствено унапредување.

Одговорност​

Ние цврсто стоиме зад своите одлуки и преземаме одговорност за своето работење. Ние ги исполнуваме своите обврски навреме. Ние со својот пример ги поттикнуваме и другите кон одговорно однесување.

Професионализам​

Ние сме ориентирани кон квалитет и ги почитуваме процедурите и стандардите на компанијата. Ние сме посветени кон иновациите и совршеноста во работењето. Ние го одржуваме својот работен простор уреден и се грижиме за имотот на фирмата.

Тимска работ​а

Ние ја негуваме меѓусебната доверба и искрен однос затоа што свесни сме дека заедно можеме повеќе. Ние ги прифаќаме различните мислења, ставови и искуства. Ние ги поддржуваме своите колеги, им помагаме, се радуваме со нив и го делиме успехот.

Транспарентност

Ние комуницираме директно, јасно и отворено. Ние сме отворени кон секоја грешка и го поддржуваме учењето од истите. Ние ја цениме искреноста затоа што е тоа предуслов за напредок и развој.