Зa нас

Општествена одговорност

ВАЖНО НИ Е ШТО ПРАВИМЕ ЗА ДЕЦАТА И КАКО ГО ПРАВИМЕ ТОА.

Нам во BFF - Baby Food Factory пред сѐ важни ни се децата. Затоа нам на прво место ни е, преку високите стандарди на производство, за заедницата во која живееме, да обезбедиме најквалитетна детска храна за новите поколенија. Со самото тоа, се стремиме и со други средства да се избориме за да им создадеме на децата во развој опкружување кое ќе им донесе поубав и поздрав живот.  

 

Покрај посветеноста кон децата и родителите, ние на ист начин сме посветени и кон подигнување на квалитетот и создавање на подобро опкружување за нашите вработени и за сите наши деловни партнери. Континуирано ги слушаме потребите на вработените и водиме грижа за секој аспект на нивното задоволство, затоа што знаеме дека квалитетната храна за деца ја прават задоволни професионалци кои го сакаат она што го создаваат.