Кариера

Политика за регрутација и селекција на кандидати

BFF - Baby Food Factory им овозможува еднакви шанси на сите кандидати, затоа што сакаме да ги избереме најдобрите соработници кои со своето знаење, искуство, мотивираност и ентузијазам ќе го дадат свој личен печат и придонес за успешно работење на нашата компанија.

 

По приемот на Вашата биографија, доколку ги задоволувате условите на конкурсот, влегувате во понатамошен процес на селекција кој се состои од неколку чекори по пат на елиминација.  Некои работни позиции вклучуваат и одредени тестирања, а бројот и видот на тестови зависи од специфичноста на самата работна позиција.

 

Кандидатите кои најуспешно го поминале процесот на селекција ќе добијат понуда за работа, а останатите кандидати кои ги задоволиле очекувањата ќе останат во нашата база на кандидати кои ќе ги контактираме кога ќе се отвори иста или слична работна позиција. Кандидатите кои не задоволуваат одредени критериуми за тоа ќе бидат благовремено известени од страна на секторот на Човечки ресурси.