Фабрика

Процесот на производство

Грижата за здраво растење на нашите малечки е многу повеќе од производството на детска храна.

Нашиот систем на производство се заснова на 4 основни принципи:

1. Суровина со врвен квалитет​

  • Суровините кои ги користиме се одобрени за производство на детска храна по најстрогите европски стандарди.

2. Контролиран процес на производство

  • Контролиран пристап (контролиран пристап само на овластени вработени во одредени простории)

  • Контролиран воздух (специјално филтриран воздух)

  • Регулиран притисок на воздухот во просториите

  • Регулирана температура во просторот (производот се пакува во оптимални услови)

  • Лабораторијата (микробиолошка и хемиска) го контролира секој дел од производствениот процес (контролата започнува од влезната суровина, преку процесот на преработка, сѐ до готовиот производ)

3. Најсовремена опрема​

  • Производството е еколошко – одговорно кон природата

  • Отсуство  на испуштање на штетни гасови во животната средина

  • Сите отпадни води се преработуваат и прочистени се испуштаат во природните теченија.

 4. Панели на чисти соби​

  • Целиот производствен простор, лабораторија и логистички ходници се уредени по стандардите за чисти соби.

  • Чистите соби претставуваат  високи стандарди на чистотија и хигиена, односно потполно отсуство на нечистотии.

  • Такви услови се потребни во операционите сали, фармацевтските објекти и објектите за производство на микро електронски компоненти.

  • Панелите за чисти соби  не се стандард или пракса за производство на детска храна, туку наш избор за да овозможиме производство со најголем квалитет.

  • Воздухот кој од надвор влегува во „Чистата соба“ се филтрира за да се отстрани прашината, додека воздухот однатре постојано циркулира низ специјалните филтри.

 

„Чистите соби подразбираат високи стандарди на чистотија и хигиена, односно потполно отсуство на нечистотија. Такви услови се потребни во операциони сали или фармацевтски објекти, односно онаму каде што хигиената е од пресудно значење.“