Производи

СЕКОЈ НАШ ДЕН ВИ ГО ПОСВЕТУВАМЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ И ВАМ!

Зад брендот Нутрино стои BFF – Baby Food Factory, нова фабрика со најмодерна технологија, чијашто грижа за правилната и здрава исхрана на детето е една од најважните задачи. Производството на Нутрино ги задоволува најсовремените светски стандарди, а суровините кои ги користиме се со врвен квалитет и од верифицирани набавувачи.

Нутрино е тука за да и помогне на секоја мајка во нејзината најубава улога и најважната работа на светот, затоа што во Нутрино уживаат сите деца,  а секоја мајка во нас може да препознае сигурен сојузник којшто го нуди најдоброто за нејзиното дете.

Квалитет, сигурност, професионализам, емпатија и иновации се вредности кои ја водат нашата работа везден.

Сите состојки кои се користат во производство на Нутрино исполнуваат строги стандарди на квалитет во смисла на органолептички и сензорни карактеристики, физичко- хемиски вредности, високи микробиолошки критериуми, отсуство на загадувачи и пестициди или било кои други видови на супстанции кои може да го загрозат здравјето на бебето.

Влезете во нашиот свет и запознајте се со нашите производи!