Кариера

Развој на кариера

Нашите вработени се најзаслужни за успехот на нашата компанија и поради тоа работиме на нивниот континуиран развој во поглед на стекнување со дополнителни знаења и вештини, како и унапредување на истите. Нашиот сектор за Човечки ресурси работи на креирање на годишен план за обуки за секој вработен. На тој начин обезбедуваме висока стручност, посветеност и мотивираност на вработените за да, преку остварување на сопствените цели, работат и на остварување на целите на нашата компанија.

 

Континуиран развој, одговорност, професионализам, тимска работа и транспарентност се корпоративни вредности кои ги развиваме кај вработените преку работата, односот кон работните активности и односот помеѓу колегите. Меѓусебното почитување, довербата и динамичната работна атмосфера прават да се чувствуваме подготвени за сите предизвици со кои се соочуваме.

 

Ние и BFF - Baby Food Factory ја наградуваме посебната подготвеност за работа, усовршување, преземање иницијатива и прифаќање на одговорност за сопствената работа и развој.