УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Користејќи ја веб страницата на Baby Food Factory се согласувате со Условите за користење и Политиката на приватност кои се наоѓаат на неа. Ако не сте согласни со Условите за користење и Политиката на приватност, ве молиме да излезете од оваа веб страница.

Baby Food Factory има право да ги обновува или менува условите за користење во било кој момент без претходна најава. Доколку Baby Food Factory изврши измени на условите за користење, новата верзија ќе биде поставена на веб страницата. Доколку продолжите да ја користите веб страницата по ревидирањето на Условите за користење, автоматски се подразбира дека се согласувате со направените промени.

НЕПРИФАЌАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

За користење на оваа веб страница, нејзината содржина и сите услуги добиени преку истата, целосната одговорност ја понесува посетителот. Baby Food Factory  не понесува одговорност и не гарантира дека веб страницата ќе биде ажурирана, без грешки, безбедна од вируси и останати напади или дека проблемите и грешките ќе бидат исправени. Сите информации добиени преку оваа веб страница или директно од Baby Food Factory (или вработените на оваа компанија) не создаваат било каква гаранција. Baby Food Factory се откажува од било каква одговорност (директна, имплицирана или законска) во однос на оваа веб страница.