Свечено отворање на Baby Food Factory

Во присуство на бројни медиуми, како и на сопствениците, раководството, вработените во компанијата и голем број на партнери кои придонесоа за успехот на проектот, со свечен чин на сечење на лента, пушена е во употреба Фабриката за детска храна - Baby Food Factory.

Новата, современа фабрика со најмодерна технологија се простира на 13.605 m2 и претставува „гринфилд“ инвестиција во износ од 34 милиони евра, што ја прави ова фабрика за детска храна една од најголемите инвестиции во Србија оваа година, а воедно претставува и најголема домашна инвестиција. Во оваа прва фаза, Baby Food Factory вработува над 100 висококвалификувани професионалци од различни профили, а се планира во зенитот на производството, до 2020 година, бројот на вработени да се зголеми на над 300.

„Исклучителната посветеност на тимот кој стои зад проектот Baby Food Factory, препознавањето на потребите на домашниот, но и регионалниот пазар, придонесуваат кон фактот дека денес во Србија имаме една модерна фабрика која со својата технолошка опременост ги задоволува светските стандарди. Ми претставува задоволство што овој проект отвора нови работни мести и придонесува во економските активности во Србија и убеден сум дека во годините што следат Baby Food Factory ќе биде доверлив партнер на заедницата во која делува, а пред сѐ на нашите потрошувачи, чии потреби се вткаени во секој дел од нашето производство“ – изјави на отворањето Жељко Цигановиќ, извршен директор на компанијата Baby Food Factory.

Baby Food Factory ќе понуди целосен асортиман на детска храна кој се состои од суви каши од житарки, подготвени каши од житарки за пиење, сокчиња и пире во стаклена и во нова, мека „пауч“ амбалажа.


Објавено: 29.10.2018