Зa нас

Запознајте нѐ

СЕКОЈ НАШ ДЕН ВИ ГО ПОСВЕТУВАМЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ И ВАМ!

Ние сме BFF- Baby Food Factory, и грижата за правилната и здравата исхрана на детето е една од нашите најважни задачи.

 

Како и секоја мајка, и ние ја сфаќаме нашата работа многу сериозно. Во целост ја разбираме секоја мајка и секое дете. Ги поддржуваме мајките во најубавата улога и најважната работа на светот. Ние им помагаме на мајките така што правиме храна за деца, за да малечките луѓе, преку здрави навики, станат големи.


Сакаме во нашата храна да уживаат сите деца, а секоја мајка во нас да препознае сигурен сојузник кој го нуди најдоброто за нејзиното дете.


За да ја понудиме најдобрата храна за бебињата и малите деца, изградивме модерна фабрика со најмодерни машини.


Нашето производство ги задоволува најсовремените светски стандарди, а суровините кои ги користиме се со врвен квалитет и од верифицирани набавувачи.

Затоа, драги мајки, дозволете ни да ви покажеме зашто ние сме здрав избор за правилен развој на вашето дете... затоа што вашето дете го заслужува најдоброто!